Поранешниот директор на неврохирургија кој доби условна казна и понатаму оди на работа

Поранешниот директор на Клиниката за неврохирургија, Александар Чапаровки кој доби условна казна од две години, поради барање мито од пациентите, и понатаму работи во оваа здравствена институција, пишува 24 Вести. Чапаровски за 24 Вести вели дека нема правосилна судска одлука за забрана на вршење на дејност, а тој како директор не може да одлучува дали ќе го прекине ангажманот на докторот и покрај скандалот во кој самиот Чапаровски призна дека земал мито од пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче остана воздржан и не сакаше да ги коментира судски одлуки.

„Во однос на конкретниот случај не би сакал да коментирам судски одлуки, борбата против корупцијата за која имаме неколку планови. Фокусот го ставаме на дополнителната работа на докторите и наоѓаме начин во законската регулатива да може на полесен начин да го оставра правото на дополнителна работа во матичните одделенија и приватните болници кај нас“ - изјави Венко Филипче – Министер за здравство.

Поранешниот директор Александар Чапаровски беше уапсен на 31. мај по пријава дека барал париод родител на 14-годишно девојче кое требало да замине на лекување во странство.

 

 

 

28.02.2018 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега