МВР го потврди апсењето на советникот за примање на мито (видео)

Примање поткуп е причината за приведување советник на градоначалникот на општина Шуто Оризари, потврди полицијата.. Директорот на бирото за јавна безбедност Лазо Велковски вели дека истрагата која е поведена против вработен во општината се темели на сомнеж за сторено дело корупција. Засега МВР не открива за што и колку пари земал советникот на градоначалникот- објави Сител.

Во текот на вчерашниот ден бил приведен вработениот во општината Шуто Оризари кој е осомничен за поткуп, потврдуваат извори од истрагата. Неофицијално, се работи за финансиски надоместок со кој осомниченот требало да интервенира за спроведување на процесот за легализација на куќа. Побараните пари претходно биле обележани а при апсењето истите биле пронајдени кај осомничениот. По ова тој бил приведен и по наредба на јавен обвинител задржан во текот на ноќта, велат од МВР. Додаваат дека осомниченот во текот на денот е на распит и очекуваат од судија на претходна постапка за него да определи мерка притвор.

 

 

 

28.02.2018 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега