Свештеници паднаа со дрога - Едниот облечен како жена, другиот во мантија

Веста дека е уапсен поп со дрога, Милан Јордовиќ кој има 41 година и поранешен учител по веронаука Зоран Маринковиќ (43) го шокираше Регионот.

Уапсени синоќа во Мрчаевци кај Чачак, по што во автомобилот со кој патувале пронајдено е 27 килограми марихуана.

Дрогата била спакувана во 52 пакети и сокриена во автомобилот марка „Пасат“, а на двајцата мажи им е одреден притвор од 48 часа, по што ќе бидат предадени на обвинителсрвото на Чачак поради неовластено пуштање во промет на опојни дроги.

Според неофицијални сознанија на српски „Блиц„ , Зоран Маринковиќ, кој пред неколку години работел како учител по веронаука, бил облечен во женска облека, кога го уапсиле, па затоа полицаецот кој ги претресувал, чекал да дојде некоја од неговите колешки за да го претресе Зоран, мислејќи сека се работи за жена.

 

 

 

28.02.2018 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега