Карбинци: Му ги скршиле пршлените додека работел и избегале

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот, додека 40-годишниот С.Т.  од село Јонузлија, општина Карбинци работел на трло во атар на село Радање, општина Карбинци, со патничко моторно возило "Голф" пристигнале 30-годишниот М.И. 33-годишниот С.И. и 32-годишниот Ф.Т. од село Кучица.

Полицијата информира дека тие започнале да викаат и да го предизвикуваат С.Т. на расправија. Трите лица физички го нападнале С.Т. при што му нанеле тешки телесни повреди и тоа скршеница на три пршлени и го напуштиле местото на настанот.

На оштетениот укажана му е лекарска помош во Клиничка болница-Штип каде е задржан на понатамошно лекување. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.  

 

 

 

28.02.2018 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега