Општина Центар изготви телефонски број на кој може да се пријави проблеми со снегот

Зимската служба на општина Центар во вечерните часови ги чисти улиците од снегот на делот на Водно. Досега се исчистени улиците „Загребска“, „Ганчо Хаџи Панѕов“, „Караорман“, „Капиштец“ и „Питу Гули“, а се чистат улиците на Долно Водно и Водно. 

- Се чисти со три машини и досега се фрлени два тони сол. Службите ќе работат во текот на ноќта, соопшти општина Центар. 

Жителите на општина Центар можат да се јават на телефон 076/313-381 да пријават доколку има проблем со снегот.

 

 

 

26.02.2018 - 09:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега