Јункер: Не дојдов да соопштам датум за преговори, но Македонија е на добар пат

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер истакна денеска во Скопје дека во земјава не пристигнал за да соопшти точен датум за почеток на преговорите, но напомена дека Македонија е на добар пат.

– Не дојдовме да ви соопштиме датум, туку да ви кажеме дека сте на добар пат и ако продолжите по тој пат за неколку месеци ќе и дадете можност на Европската комисија на Советот да му препорача отпочнување на преговорите за приклучување, рече Јункер на пресот со Заев.

На македонските власти им порача да го решат спорот за името со нивните грчки пријатели и нагласи дека веќе разговарал со Ципрас.

 

 

 

25.02.2018 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега