Поларен бран во Хрватска: Измерени -17 степени, снегот направи колапс на улиците

Поларниот бран, што беше најавен, утрово стигна во Хрватска. Забележани се минусни температури. 

Најниската температура е измерена на Зивижан, односно минус 17,2 степени Целзиусови. 

Во останатите градови температурата се движи меѓу минус три до минус девет. 

Снег денеска паѓа во Далмација, но не се очекува снежната покривка да биде поголема од неколку сантиметри. 

На одредени места лошите временски услови го отежнуваат сообраќајот. 

 

 

 

25.02.2018 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега