Драма вчера во Сарај: Скопјанец едвај се спасил кога се сокрил во кафуле

Во текот на вчерашниот ден во 16 часот, 48-годишниот Е.И. од селото Љубин во Полициското Одделение во Сарај пријавил дека околу 14 часот и 30 минути во Сарај пред трговски објект каде бил застанат со своето патничко моторно возило “Голф“ заедно со неговиот зет И.С. со  метални шипки бил нападнат од страна на И.Р. и С.Р. од селото Глумово, при што му биле нанесени  удари по целото телото. 

Пријавителот успеал да побегне во угостителски објект во близината, каде почекал напаѓачите да си заминат, по што со своето возило се упатил да го пријави случајот.

Е.И се здобил со телесни повреди  во пределот на рацете. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

24.02.2018 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега