Автобусите за скопјани бесплатни - апаратите за билети вклучени

Веќе неколку дена автобусите во Скопје се бесплатни како мерка за екстремно загадениот воздух во кој скопјани се гушат. Сепак, како што пишува Нова Македонија, патниците во автобусите се жалат дека во голем број од автобусите апаратчињата за наплаќање се вклучени и дека нема назнака дека превозот е бесплатен, поради што многумина куцаат билети.

Директорот на ЈСП, Кристијан Чушков вели дека апартите за наплата би требало да се системски исклучени и дека ќе направи увид во работите.

Мерката важи и за приватните автобуси.

 

 

 

10.01.2018 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега