И Шилегов ќе го остави возилото дома - на работа со автобус или електромобил

И денеска и вчера воздухот екстремно загаден во Скопје, поради што и понатаму важат итните мерки за намалување на загадувањето.

Град Скопје воведе бесплатен градски превоз за скопјани поради загадениот воздух. Мерката ја објави градоначалникот, Петре Шилегов, кој истакна дека стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници. 

- Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидеме известени од страна на Министерството за животна средина, рече Шилегов на денешната прес-конференција и додаде дека автобусите ќе бидат со зачестена фреквенција.

Прашан како ќе доаѓа на работа, Шилегов рече дека сите возила на Град Скопје нема да се користат за службени потреби освен за инспекциските служби и додаде дека тој ќе доаѓа на работа со јавен превоз или со електричното возило на Градот што не загадува.

Прeцизира дека воведувањето на мерката за бесплатен градски превоз ги чини скопјани по седум милиони денари дневно. 

 

 

 

 

09.01.2018 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега