Нема нешто поздраво: Намирница која го зајакнува срцето, а ги штити јајниците од рак

Зеленчукот од семејството на зелката може во значителна мера да го намали ризикот од појава на рак на дојката, особено кај оние жени кои имаат посебна варијанта на генот GSPT1, а кој се поврзува со овој вид малигно заболување, истакнуваат американски експерти од Универзитетот Вандербилт во Нешвил.

 

 

До оваков заклучок експертите дошле врз основа на зачестеноста на заболувањето меѓу Кинеските.

 

 

Истражувањето, кое опфатило 6.000 Кинески, утврдило дека оние кои јадат најмногу кинеска зелка и бела репка, намирници вообичаени за нивната култура, имале помал ризик во менопаузата да заболат од рак на дојка.

 

 

Во запдната кујна овие намирници не се толку раширени, но затоа позастапени се зелката, брокулата, карфиолот и кељот, кои задолжително треба да се јадат во поголеми количини, порачува докторот Џеј Фоук, еден од експертите на истражувачкиот тим.

 

 

Зелкастиот зеленчук, имено, содржи одредени соединувања кои во организмот се претвораат во изотоцијанати, за кои се смета дека поседуваат антиканцерогено дејство.

 

 

А истражувањата веќе покажале дека кај жените со спорна варијанта на генот GSTP1, ризикот од заболување двојно е намален, секако ако јадат доволно зеленчук од семејството на зелката, во споредба со жените кои поседуваат ист тип на ген, а овој зеленчук го јадат во занемарливи количини.

 

 

 

21.12.2017 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега