Илиоски: Во Битола ќе воведеме бесплатен здрав оброк за сите деца од прво до петто оделение во основните училишта

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Битола Зоран Илиоски денеска најави нов проект за најмладите, а тоа е дека учениците од прв до петто одделение кои посетуваат редовна настава ќе добијат бесплатен здрав оброк.

-Тој бесплатен здрав оброк ќе биде направен во соработка со луѓе стручњаци, нутриционисти и тој ќе биде адекватно прилагоден на нивната возраст. На тој начин ќе се направи заштеда за родителите, а тоа се околу 600 денари месечно и вториот ефект од овој проект е дека децата добиваат здрава храна и да можат децата да се научат на здрави навики на исхрана, бидејќи на овој начин ќе добиваат оброк кој е адекватен на нивната возраст и ќе се избегне онаа така наречена брза храна која ја конзумираат нашите деца, вели Илиоски.

 

Тој додава дека овој проект доколку дозволуваат можностите во наредниот период може и да се прошири и на повисоките одделенија во основните училишта.

 

 

 

 

12.10.2017 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега