Mицевски: Покривање на залениот пазар и уредување на паркинг просторот

Крива Паланка е една од ретките општини која нема затворен зелен пазар со уреден паркинг простор. Затворениот пазар е еден од клучните приоритетни проекти на идната локална власт предводена од СДСМ, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од коалицијата на СДСМ, Борјанчо Мицевски.

Нашиот план предвидува архитектонско решение кое ќе обезбеди соодветен трговско деловен простор наменет за поставување на тезгите како и соодветен паркинг простор кој може да се користи и во деновите кога не е пазарен ден, намалувајки го со тоа сообраќајниот хаос во градот. Со цел да го олесниме движењето предвидуваме изградба на кружен систем на движење на возилата, со изградба на дополнителна лента околу самиот зелен пазар, рече Мицевски.

Според него, со овој проект Крива Паланка ќе го реши долгогодишниот проблем и ќе обезбеди места и за оние трговци кои досега немаа добри услови и својата дејност ја извршуваа на улица или на тротоари.

-Затворениот зелен пазар, независно од временските услови, ќе овозможи земјоделците секојдневно да ги пласираат своите производи, а не само во пазарните денови граѓаните да се снабдуваат со свежа храна, секој ден,додаде Мицевски.

 

 

 

07.10.2017 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега