Тошевски: Гасификација на Битола по струмички терк значи висока цена на гасот и отворена шанса за манипулација преку тендерот за гас

Битола не може и не смее да биде Струмица. Крајно навредливо за битолчани е да им кажете дека Битола ќе ја направите убава како Струмица и дека ќе ја гасифицирате по струмички терк, истакна на денешната прес-конференција Иванчо Тошевски – кандидат за советник на Советот на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакнува дека битолчани треба да знаат дека тоа значи: дотур на гас по пунктови со цистерни, што е крајно ризично и небезбедно, висока цена на гасот кој би бил добавуван од трета рака , отворена шанса за манипулација преку тендерот за гас и можност за богатење на некој од клановите на Заев и Анѓушев  на грбот на битолчани.

 

-При обезбедени пари и проекти во трајни решенија со гасификација и топлификација, ваквите импровизации  се несериозни и значат потценување на интелигенцијата на битолчани, нагласува Тошевски.

 

 

 

 

07.10.2017 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега