Александар Наумоски: Секој граѓанин добива еднаков третман, општината е отворена и услужна

Отворање на општинска канцеларија која ќе ги опслужува граѓаните од населените места Стопански Двор, Кисела Јабука, Ново Село, Волково, Пржина, Никиштани и Кучково во Волково, вети денеска кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од СДСМ Александар Наумовски.

- Граѓаните ќе можат на едно место да ги поднесуваат своите барања за сите сфери од надлежноста на општината. Примените барања и предлози ќе бидат администрирани од општината и преку истата истурена канцеларија на општината ќе им бидат вратени одговори на граѓаните. На овој начин тие непосредно учествуваат во локалната самоуправа, истакна Наумовски.

Според него ова го олеснува и решавањето на проблемот со легализацијата на земјиштето, со кој проблем се соочува дел од општината поради немање планска документација, а граѓаните побрзо и полесно ќе ги доставуваат документите на едно место.

Наумовски рече дека планираат да организираат отворени денови, каде Ѓорчепетровци ќе добиваат информации за буџетските средства, отворено ќе ги споделат своите идеи со општинсата администрација. 

 

 

 

07.10.2017 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега