Трпески: Милионерот и вечен кандидат за градоначалник на Велес, Коцевски, на своите вработени им давал мизерни 9.590 денари плата

Милионерот и вечен кандидат за градоначалник на Велес, господинот Аце Коцевски преку својата фирма на вработените им давал мизерни 9.590 денари плата. Човекот за кој медиумите известија дека остварил над 2 милиони евра приход во изминатите четири години на своите 40 работници во неговата АФИОН ДООЕЛ не им го исплаќал ниту минималецот кој им бил загарантиран со закон, истакна на денешната прес-конференција Славче Трпески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Трпески вели дека тој не се воздржува во медиумите да зборува за платите на вработените во странските инвестиции, но никаде го нема да каже дека во неговата милионска фирма во 2015 година на работниците не сакал да им ја додели ниту минимална плата.

 

-И додека на вработените во неговата АФИОН ДООЕЛ во 2015 година тој им исплаќал мизерни 9.590 денари плата на своето конто како чист профит тој си остварил над 2 и пол милиони денари. За себе над 2 и пол милиони денари, а за работниците ниту минималец! Ете овој Аце Коцевски денес е повторно, по петти пат, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Велес. Милионер кој за многу кратко време и по многу индиции на сомнителен начин натрупал богатство преку својата фирма која ја основал само 8 месеци по завршување на неговиот втор градоначалнички мандат, истакнува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека наместо јавноста од вечниот кандидат за градоначалник, Аце Коцевски да добие одговор за објавените скандалозни податоци поврзани со неговата милионска фирма тој излегува со закани. Наместо отчетност пред граѓаните тој со тужби им се заканува на медиумите.

-Господине Коцевски, вие имате морална обврска да излезете пред јавноста и да дадете објаснување за сите објавени сомнителни податоци и документи каде што стои вашето име. Вие господине Коцевски барате доверба од граѓаните. Довербата не се заслужува со игнорирање, молк и закани, нагласува Трпески.

 

 

 

 

07.10.2017 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега