КСС побара зголемување на платите во јавниот сектор

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија побара покачување на платите во јавната администрација согласно покачувањето на минималната плата.

Од КСС побараа и свикување на седница на Економско – социјалниот совет на која ќе биде разгледан нивниот предлог.

Од Конфедерацијата сметаат дека во одредени сектори во јавната администрација платата ќе бидат под износот на минималната плата, а со тоа ќе се суспендираат и постоечките колективни договори што ќе има многу поголеми последици.

Побараа покачување на платите за 19 проценти, заради задржување на распонот на платите на сите категории на јавни службеници, велат од КСС.

 

Овој синдикат, обвини дека не функционира социјалниот дијалог и оти министерката за труд и социјална политика доставила мислења од ЕСС за покачување на минималната плата без мислење од КСС и без валидни анализи. Од синдикатот најавија преземање на легитимни радикални мерки доколку повторно бидат игнорирани.

 

 

 

30.08.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега