МТСП: Работиме на законско решение со кое ќе се исправат неправдите кон рударите

Министерството за труд и социјална политика на сите рудари им го честита 28 август, Денот на рударите во Република Македонија, посакувајќи им професионален и личен успех.

- Рударите долги години беа запоставени и на маргините на општеството. Во 2007 година, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги укина одредбите од Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кои им се скрати можноста за пензионирање на рударите само врз основа на пензиски стаж. Многу рудари во изминатите 10 години се соочуваа со неправдата да работат и над 55-годишна возраст иако во одреден период имале уплата на бенифициран стаж, информира МТСП. 

Владата, како што се наведува во соопштението, во моментов работи на законско решение со кое овие неправди ќе се надминат.

- Ќе се обезбедат подобри услови за работа на рударите, предвремено пензионирање, како и воспоставување на механизми за почитување на одредбите за безбедноста и здравјето при работа, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика.

 

 

 

28.08.2017 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега