Од октомври повторно евтина тарифа на струјата

 

Од октомври стартува евтината тарифа на струјата, мерка што ја вети Владата пред изборите, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

На заедничката прес-конференција во Владата на која присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, како и министерот за економија Крешник Бектеши, Заев рече дека евтина струја ќе има секој работен ден и во сабота од 14 до 16 часот, како и од 22 до 7 часот наутро, а во недела останува досегашната пракса, евтина струја да има цел ден.

- Исполнуваме уште една од ветените владини мерки. Ја враќаме евтината тарифа на струјата. Ова ќе ја чини државата осум милиони евра. Тие пари ги враќаме на граѓаните, а најмногу ќе заштедат посиромашните, истакна Заев. 

Според вицепремиерот Кочо Анѓушев, ЕВН Македонија нема да добие субвенција за евтината тарифа на струјата, иако очекувано, ќе бележи загуби. 

- Домаќинското работење на компаниите ќе биде изворот на средства. Такви заштеди се веќе направани, рече Анѓушев.

Заев и Анѓушев нагласија дека оваа мерка нема да има влиание на покачување на цената на струјата и не се коси со европската регулатива.

 

 

 

24.08.2017 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега