Бебе за крштевка добило кукла која ги шокирала сите присутни

Кога ќерката на една мајка од Ниш за крштевка добила на поклон кукла, ниту на крај на памет не и било какво ќе биде изненадувањето откако ќе ја отпакуваат и ќе ја соблечат облеката на пластичната играчка.

Иако на кутијата јасно се гледа дека е во прашање кукла и тоа женска, затоа што има јасно нацртан кармин и розева облека, кога и ги соблекле парчињата облека може да се види дека има - машки полов орган!

- Ќерката која има шест месеци, добила кукла за поклон на крштевката. Видов дека има некое копче кое, кога ќе се притисне, би требало да се слушне музика. ПОради тоа што не се слушна музика, и ја соблеков облеката и се шокирав. Куклата имаше машки полов орган. На кутијата јасно пишува „Baby girls fashion“, куклата е нашминкана и јасно е наменета за девојчиња, па благо речено непримерно е да има машки полов орган, вели мајката од Ниш.

Таа вели дека помислила дека тој примерок е фалеричен затоа што бојата на главата се разликувала од бојата на телото, па пробала да ја замени. Но, во продавницата се уверила дека и другите кукли го имаат истиот „фелер“.

- Мислев дека само нашата кукла не е добра, дека дошло до грешка во текот на склопувањето и дека ги помешале главата и телото. Но, кога продавачот земал една иста таква кукла ја отворил, и таа имала машки полов орган. Не можеше да ја замениме затоа што ја немавме сметката, бидејќи ја имавме добиено за подарок, додава мајката.

Таа наведува дека пробале да му укажат на продавачот на тоа дека производот е погрешно деклариран и дека би требало на амбалажата да се назначи прецизно какви се карактеристиките на играчката и која е наменета.

 

 

 

31.05.2017 - 19:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега