Едноставен трик кој ќе спречи муви да влегуваат во вашиот дом

Мувите слетуваат на различни површини како измет, расипана храна, отпад и слично.

Освен тоа, нивното присуство во домот може да биде и закана по живот, со оглед на тоа дека мувата со себе носи околу милион бактерии на своите нозе прекриени со ситни влакненца.

Еден од наједноставните и корисни начини да спречите во вашиот дом да влезат муви е да наполните обична безбојна ќесичка со чиста вода. Наполнете ја до пола и цврсто заврзете ја. Закачете ја на врата или на прозор кој е отворен, а без заштитна мрежичка за да ги спречите мувите да влезат низ отворениот дел.

Поради структурата на нивните очи, ќесата полна со вода на мувите им наликува на пајажина, па не се приближуваат. Таа ги дезориентира мувите и им прави необјаслива илузија која ги држи подалеку.

 

 

 

31.05.2017 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега