Откриена приказната зад потегот со ташната на принцезата Дајана

Принцезата Дајана важи за модна икона на сите времиња, елегантна, одмерена, принцеза на народот.

Таа изгледаше подеднакво софистицирано и во фармерки додека си играше со принцовите Вилијам и Хари, и на свечености облечена во заносна тоалета.

Нејзин препознатлив потег беше ставањето на ташната на градите кога носеше свечен фустан, посебно кога излегуваше од автомобил, а пред неа имаше бројни фоторепортери.

Во интервју за британски Телеграф дизајнерката Ања Хиндмарш и блиска пријателка на Дајана, откри која е приказната зад овој дамски потег.

-Таа беше лојална клиентка и многу забавна личност. Доаѓаше во ателје без многу помпа и без телохранители. Обожаваше ташни и поради начинот на кој ги користеше во нејзиното појавување ги викавме ‘ташни за деколте’. Таа кога излегуваше од автомобил го покриваше деколтето со ташната за да спречи незгодна поза што би изгледала недолично на фотографија, вели дизајнерката.

Без сомнение, принцезата Дајана беше вистинска дама. Нејзините манири и елеганција беа за пример и таа никогаш не сакала да биде тема за таблоидите.

 

 

 

26.05.2017 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега