Прилепска пивара остро реагира на одлуката на КЗК

Прилепска пивара остро реагираше на одлуката на КЗК. Ви ја пренесуваме реакцијата во целост:

Изразуваме незадоволство и несогласување со одлуката на Комисијата за заштита на конкуренција дека некои одредби од договорите со нашите дистрибутери ги нарушуваат начелата на коректен и рамноправен однос кон пазарот и конкуренцијата.

Наспроти наводите на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Прилепска Пиварница има развиено беспрекорно позитивен и взаемно корисен однос со своите овластени дистрибутери и притоа се испочитувани сите пазарни легислативи и обврски. Во ни еден момент од нашата долгогодишна соработка, и ни во еден аспект од нашата работа не е ограничена конкуренција, ниту пак е нарушен балансот на пазарната економија.

Во својата работа, овластените дистрибутери се наши рамноправни партнери и соработници со кои заедно постигнуваме значајни резултати и на домашните и на странските пазари.

Токму затоа, ваквите наводи и одлуки од Комисијата за заштита на конкуренција, директно штетат на нашата работа, на нашето заедничко настапување на пазарот и на имиџот како на Прилепска Пиварница така и на нашите овластени дистрибутери.

 

 

 

 

 

23.05.2017 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега