Тага која го крши срцето- еве што девојчето го прашало својот татко пред да почине

16- годишната К.А. од неготинското село Малајница, починала во недела во Општата болница од прострелна рана нанесена од куршум од пиштол во глава. Девојчето го повлекла чкрапалото откако нејзиниот татко, на нејзе и нејзиниот помлад брат им дал пиштол за да си играат пред куќата.

Според некои неофицијални информации, на место на злосторството бил и таткото на тинејџерите.

К.А. пукала кон шумата, а потоа го прашала татка си дали има уште куршуми, на што тој и одговорил дека има уште еден.

Но, таа не го почекала одоговорот на татко и и пиштолот го вперила директно во слепоочница и пукала.

Според тврдењата на братот на настраданото девојче, таткото често му го давал пиштолот за да пука пред куќата. Овој пат се придружила и сестрата која за првпат во рацете држела пиштол и тоа било фатално по нејзиниот живот.

 

 

 

16.05.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега