Новинар од Албанија е уапсен поради пишување против дипломат на ЕУ

 Албанската полиција соопшти денеска дека уапсила новинар поради повик за насилство врз диломат на Европската унија. 

Новинарот Кастриот Мифтарај (51) напишал на својот Фејсбук профил дека смета оти шефицата на делегацијата на ЕУ во Тирана, Романа Влахутин е „терорист“.

Во соопштението се наведува дека новинарот е уапсен синоќа по објавувањето на текстот во кој отворено се повикува „на прекршување на уставниот поредок“.

- Секој граѓанин на Албанија, кој ја сака својата земја може да ја убие Романа, што би претставувало антитерористички, а не терористички акт“, напиша новинарот. 

 

 

 

10.05.2017 - 13:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега