Градоначалникот завршил на операција- дигнал лонец со грав и добил хернија

Првомајската прослава на загрепскиот стадион Максимир, каде во организација на Градот Загреб биле поделени 60.000 бесплатни порции грав со колбаси, панцета и чадено месо, не завршила добро за градоначалникот Милан Бандиќ, кој вечерва итно ќе биде опериран.

Бандиќ им објаснил на новинарите дека при кревање на 80 килограми тежок лонец со грав добил хернија (кила) и вечерва ќе биде опериран.

На прославата по повод Меѓународниот ден на трудот на Максимир од утрово се собираат голем број граѓани, на кои со музика од лимен оркестар и програма на загрепските мажоретки, Бандиќ и претставниции на партии им делеле каранфили и порции грав.

 

 

 

01.05.2017 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега