Спречен шверц на марихуана во близина на македонската граница

 Полицијата од албанско погранично гратче Булќиза, заплени 105 килограми марихуана, кај селото Вичишта, во близина на албанско-македонската граница кај Дебар.

Во акцијата уапсени се две лица, додека по две се уште се трага.

Нарко-шверецерите биле забележани во зелениот простор. Двајца биле со мотор, додека двајца со автомобил, кои на наредбата на граничната полиција да застанат, се оддалечиле со голема брзина, пукајќи од огнено оружје, при што во опасност бил доведен животот на полицајците.

Полицијата продолжила да ги следи, при што двете лица кои биле во автомобилот се уапсени, додека другите две успеале да побегнат. Уапсените се на возраст од 26 и 17 години и се жители на блиски погранични села.

При контрола на теренот, полицијата пронашла четри вреќи со вкупна тежина од 105 килограми марихуана.

Освен дрогата, запленети се и автомоблот марка „фиат“ како и мобилни телефони.

Истргата, освен во Албанија ќе биде проширена и во Македонија, каде дрогата требало да биде прошверцувана.

 

 

 

01.05.2017 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега