Не сакал да купи автобуска карта, па по кратка расправија бил прободен со нож

Загребската полиција го уапси 60-годишното лице, кое беше осомничено дека по кавга во автобус, со нож прободел 29-годишно момче, кое на Велигден беше пронајдено тешко повредено на ливада, а од здобиените повреди починал на патот до болницата.
Бидејќи телото на момчето го пронашла случајна минувачка, полицијата претпоставувала дека момчето имало расправија со непознато лице, што се испоставило дека е точно.
Полицијата го уапсила 60-годишниот маж кој вечерва ќе биде изведен пред суд.
Сигурносните камери во автобусот снимиле дека убиениот влегол во автобусот и не сакал да купи карта, а возачот поради тоа не сакал да тргне. Патниците негодувале, а во кавгата се вклучил и 60-годишниот маж. Најпрво дошло до вербална кавга, а потоа со започнале да се туркаат и излегле од автобусот. Тогаш, 60-годишниот го прободел момчето со нож, па автобусот заедно со мажот во него заминал од местото на злосторството.
Од полицијата велат дека возачот и патниците не забележале дека момчето било прободено со нож. Осомничениот го предал ножот на полицијата, а тие велат дека имаат и повеќе од доволно докази дека тој извршил казнено дело- убиство.
 

 

 

21.04.2017 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега