Исповед на првата дама- еве како Тито ѝ предложи брак

-„Мојот живот беше тежок, исполнет со стресови, личен губиток и чувствувам дека со тебе, конечно ќе си ги осигурам среќата и спокојството.“- ова биле зборовите со кои Тито ја запросил Јованка Будисавлевиќ.

Иако тогаш веќе 5 години биле во тајна врска, таа била изненадена. Со години никому не отврила душа и не откривала како маршалот ѝ ставил прстен на рака.

-„Непотребно е да кажам колку бев изненадена и збунета. Па, јас бев девојка од средина со патријахални погледи.. Мене прво разликата во години ми ја  исклучуваше помислата на било каква врска. И нема да бидам скромна, ама имав многу додворувачи.“- рекла Јованка.

Јованка тогаш имала 28 години, а Тито 60. Објавата за нивниот брак веднаш ги освоила медиумите.

Тито бил постар од Јованка цели 32 години. Со својата исповед таа на многумина им ги отворила очите, а им ги затворила усните, бидејќи сите зборувале дека се омажила за старец кој ништо не може.

Нивната врска се зацврстила по операцијата на Тито во 1947 кога неговата состојба се искомплицирала, а таа не се двоела од него.

Личниот доктор на Тито во својата книга „Jovanka Broz Titova savladarka" ја опишал Јованка како амбициозна жена која сакала да го наследи Тито. За човек од 60 години таа вели дека Тито бил многу витален.

Она што ѝ недостасувало на Јованка било образование за да биде достојна на претседател. Покрај него можеле да поминат само учени жени, жени кои знаат да разговараат за уметност, историја и литература. Јованка повеќе знаела за пушки отколку за висока мода.На 17 години била партизанка, поминала воена обука и била извонреден стрелец. Дури два пати била ранета.

Недостатокот од образование морало да се надохнади, па Тито ја испратила во Рим и Опатија. Јованка учела како треба да се однесува според протоколите и како да се облекува. Имала лична професорка која ја учела руски, француски и англиски.

Станала прва дама во секоја смисла на зборот. Својата способност и природна надареност ја користела како најсилно оружје за впивање на знаење, бидејќи имала високи амбиции- да биде владетелка, а не само формална прва дама.

 

 

 

20.04.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега