Ново супер изненадување за корисниците на Телеком

Денешните навики на користење на мобилниот телефон во многу нешта се разликуваат од оние во минатото. Тој нè поврзува, нè потсетува, нè информира, нè забавува. Телефонот е постојано со нас, па оттука, поголеми се и шансите да биде подложен на разни опасности. Колку пати ни се случила штета што не е покриена со гаранцијата на мобилниот телефон?

Доколку сакате да се чувствувате безгрижно и вашиот смартфон да биде осигурен од многубројни незгоди и оштетувања, новата понуда на Македонски Телеком ви овозможува да купите смарт телефон со вклучено осигурување. Промотивниот период трае до крајот на април и опцијата е достапна за сите нови смартфони со Доверба 24 во тарифите Smart L и Magenta 1 L.

Инаку, опцијата за осигурување,освен за телефони, достапна е и за набавка на компјутери, ТВ-уреди и друга електронска опрема.

16832484 - smartphone with underwater bubble on the screen, in a lifebuoy on white background

 

Македонски Телеком, во својата најнова понуда, покрај вклученото осигурување, на корисниците им овозможува и двојно повеќе интернет на најдобрата мрежа запостпејд тарифите Smart и за Magenta 1. Дополнително,неискористениот интернет може да се префрли во следниот месец, со што корисниците ќе уживаат во двојно зголемената понуда на интернет-сообраќај во својата претплата.

Повеќе информацииза изборот на смартфоните што влегуваат во новата понуда можете да добиете на веб-страницата или во најблиската продавница на Телеком.

43297085 - cheerful young woman holding smart phone and smiling with colorful sketches upon her head

 

 

 

 

13.04.2017 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега