Регулаторна одлучи: Ова се новите цени на горивата кои важат од полноќ

Бензините остануваат по стара цена, дизелот поевтинува за 1,5 денари по литар. Ова го одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит

 Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС- 98 изнесува 67,00 ден/лит.

 

 

 

04.04.2017 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега