Какви ќе бидат новите цени на горивата во Македонија?

По неколку неделниот пад, ценат на нафтата на светските берзи почна да се движи во нагорна линија по информацијата за намалувањето на државните резерви на САД.
Американската лесна нафта месецов падна под 50 долари за барел што е најниска цена во оваа година. 
Европската северноморска нафта од типот Брент денешното тргување го заврши поскапа за речи си половина долар односно со цена од 51,1 долари за барел.

И покрај најавите на ОПЕК за намалување на производството, нафтата се продава се поевтино.

Аналитичарите оценуваат дека во текот на летните месеци не треба да биде изненадување ако барелот падне под 45 долари, што за наши услови значи дополнително намалување на цените, за повеќе од 5 денари по литар.

 

 

 

01.04.2017 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега