Зголемен прометот со храна, пијалоци и тутун

Во трговијата на мало, во февруари годинава, споредено со февруари лани,  имало зголемување на прометот во групата „трговија на мало со храна, пијалоци и тутун“ номинално за 2,3 процента, а реално за четири проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во групата „трговија на мало со автомобилски горива“ прометот номинално е зголемен за 12,1 проценти, а реално е намален за 5,9 проценти.

Намалување на прометот е забалежано во групата „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“  номинално за 18 проценти, а реално за 16,4 проценти, и во „трговија на мало, освен трговија со горива“ каде што намалувањето номинално изнесува 9,2 процента, а реално  за 8,4 проценти.

 

 

 

31.03.2017 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега