Сите се сеќаваме на Јованка, но... - ова е единствената жена која му го скршила срцето на Титот

Оваа приказна за Јосип Броз Тито и неговиот брак со Русинката  Пелагија Бјелусова. После  пет ипол години кои ги поминал како воен заробеник на австро-унгарската војска во Русија и на Сибир, во ноември 1920 година се вратил во новонастанатото Кралство на СХС. Со него пристигнала и неговата млада сопруга, Русинката Пелагија Бјелусова, во поодмината бременост. Се породила во куќата на таткото на Тито, Фрањо. 

Броз се вработил во браварска работилница на Филип Баум во Загреб, а се зачленил и во Комунистичката партија на Југославија, која во тоа време била во својот најголем подем. Работата ја сменил во 1921 година, кога се вработил во мелница во Големо Тројство, село недалеку од Бјеловар. Таму со својата сопруга живеел во следните четири и пол години.

 

Foto: Wikimedia

Се знае дека во ноември 1922 година роден е синот Хинко кој умира после осум дена од дизнетерија, во јуни 1923 од дифтерија починала 18-месечната ќерка Златица, непрежалената миленичка на Тито. 

Во февруари 1924 му е родил синот Жарко, здраво дете, кое до некаде било нивната утеха. 

Кога на блиските соработници, брачниот пар Копиниќ во 1941. година им се родило дете, мајката Стела му се пожалила на Тито дека не знае како да се грижи за новороденчето. Тито ѝ одговорил: „Не грижи се, јас ќе ти помогнам. Ни мојата Пелагија не знаеше, но јас гледав што прави мојата мајка со моите помлади браќа и сестри. Кога Жарко беше бебе, јас го капев и хранев“.

На почетокот на 1924. година, Броз бил избран во новоформираниот Окружен комитет КПЈ за крижевачко-бјеловарскиот регион, и тоа му дало поттик, а се јавила и амбиција да биде организатор и предводник. Тоа било времето кога почнувал да се менува од мирен семеен човек во партиски активист, на кого семејството му е на второ место.

Во слободно време Јосип  Броз одел на состаноци во блиска и далечна околина. Одржувал тајни врски со покраинското раководство на КП во Загреб. На погребот на партискиот пријател од Бјеловар држел бунтовен говор, поради кој осум дена минал во затвор. Полицијата му вршела претрес во домот и му ги запленила книгите, кои подоцна му биле вратени.

Кога Титот во 1928 година е осуден на пет години затвор  набрзо отишол на издржување на казната, Пелагија со синот Жарко се вратила во Русија. 

По излегувањето од затворот во 1934  Тито заминал во Москва,Во јануари 1935 централниот комитет КПЈ одлучил да го прати на работа во балканскиот секретеријат, како референт за работа по прашањата за КПЈ. 

Тито очекувал дека тоа ќе биде прилика да ги обнови односите со сопругата. Три месеци чекал порака која не ја добил. Најголемо разочарување за него било сознанието дека пелагија не била грижна мајка. Изгледот и недоличното однесување на Жарко и сестувањето во домот за деца на странски членови биле причина за голема грижа. 

Жарко имал бруна младост и живее на работ на законот. Како војник на Црвената армија во војната против Гермците каде ја изгубил раката. Тито се вратил кон крајот на 1945. година во Белград каде се женел три пати. 

Пелагија по разводот со Тито се омажила за Еусин со кого добила две деца. 

 

 

 

 

 

 

23.03.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега