Гореше семејна куќа - загина 32-годишен маж

32-годишниот Карло Торнај  настрага во пожар кој избил во неговата куќа во селото Качарево кај Панчево.

Во огнената стихија која избила во понеделникот околу 20.15 часот повреден е неговиот татко Карољ (63).

Неофицијално, причината за пожарот се уште е непозната, а истрагата е во тек.

-Во куќата изгорела една соба и во неа се наоѓал несреќниот Карло. Неговиот татко пожарникарите успеале да го извлечат и тој е префрлен на ВМА, каде му се санирани повредите. На среќа, пожарот брзо е локализиран, соопшти од Качарево.

Соседите на семејството раскажаа дека драмата која се одвивала во понеделникот била ужасна.

-Огнот пламтеше, чад имаше од сите страни. Најпрво ги слушнавме кучињата кои лаеја и завиваа, а потоа еден од соседите го виде пожарот и ги повика пожарникарите кои брзо дојдоа, раскажуваат соседите.

Според нивните зборови, таткото и синот веќе неколку години живееле во новоизградената куќа.

-Мајката на Карло починала пред неколку години. Карло бил болникав, но помагал по соседството, додека татко му бил вработен, раскажуваат соседи.

 

 

 

15.03.2017 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега