Пронајдени две безживотни тела: Едното во канал, другото на пруга во Србија

Две трагедии го потресоа денеска Нови Сад. Средовечна жена била пронајдена мртва вчера на улица, а безживотно тело на маж било пронајденот во канал.

Во двата случаи Итната помош која пристигнала на местото на настанот можела само да констатира смрт.

Во 7 часот и 45 минути полицијата интервенирала за дојава за мртва жена најдена на улица, во близина на пруга, а според неофицијалните податоци жената се фрлила под воз.

Исто така, во 12 часот и 45 минути во текот на вчерашниот ден, полицијата добила дојава за најдено безживотно тело на маж во канал. Според неофицијалните информации и во овој случај се работи за самоубиство.

Обдукциите ќе ги дадат одговорите на сите прашања.

 

 

 

15.03.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега