Новите мерки за самовработување претставени во Штип

Центарот за вработување-Штип денеска ги презентираше новите мерки за самовработување пред невработените лица.

Раководителот на Центарот за вработување Лазе Димчов вели дека мерките имаат измени за разлика од изминатите години.

– Мерката самовработување има зголемен ваучер, значи оваа година имаме повеќе средства. Минатата година вредноста  во опрема беше 3.000 евра, а сега е 4.000 евра за самовработувањето. Додека кај инвалидните лица, лицата со посебни потреби со оштетен вид и слух мерката самовработување предвидува 270.000 денари и со можност за вработување на две лица, со што за секое наредно лице следуваат средства во опрема од 92.000 денари, вели Димчов.

Тој истакна дека огласот за мерката самовработување тече веќе два дена и се имаат пријавено 10 лица за користење на оваа мерка.

Дарио Трајчев кој денеска присуствуваше на презентацијата вели дека сака да ја искористи мерката самовработување за отварање на сопствена живинарска фарма, бидејќи во штипскиот регион вакви фарми нема во голем број.

Во Штип минатата година 30 невработени лица ја искористиле мерката самовработување и започнале сопствени бизниси.

 

 

 

24.02.2017 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега