Пресврт во случајот за убиеното и силувано детенце

Денеска во Вишиот суд на Заечар одржано е подготвително судење на Владица Рајковиќ(28) од заечарското село Вратарница, кого обвинителството го товари за три кривични дела и тоа тешко убиство и силување на Анѓелина (3)  и за убиство на Драгана Станковиќ (47).

Осомничениот пред судот го признал убиството на Драгана Станковиќ, но изјавил дека ниту ја силувал, ниту ја убил тригодишната Анѓелина.

-Го смени исказот, бидејќи првично сите обвинувања врзани за Анѓелина ги призна. Сега изјави дека тоа не го направил, а дека тогаш признал бидејќи полицајците го тепале. Сепак обдукцискиот наод, биолошките анализи, како и сите други анализи говорат дека е виновен по сите точки на обвинувањата. Ќе бараме најстрога казна, а тоа се 40 години затвор. Несомнено е дека е виновен. Во судницата беше смирен, ладен, како ништо да не направил, а ги видов фотографиите од унакажаното тело на девојчето, рекла Маја Атанасковиќ, адвокат на семејството на убиеното девојче.

 

 

 

 

20.02.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега