Тешка сообраќајна несреќа - загина 8 -годишно дете

Тешка сообраќајна несреќа се случила на Ибарската магистрала околу  60 километри од Краљево кај Рашка, повредена е мајка, додека 8 годишното детенце подлегнало на повредите.

Тие биле сместени во Општата болница во Краљево, но момчето набрзо подлегнало на повредите.

„Момчето беше донесено во болницата без пулс. Се обидовме со реанимација која траеше 45 минути, но не успеавме. Имаше повреди на главта и пределот на десната натколеница“, изјави Зоран Мрвиќ, директорот на Општата болница „Студеница“ во Краљево.

Тој додаде дека мајката се здобила со повреда на градниот кош, двократна скршеница на десната натколеница и повреда на колената, но дека витално не била загрозена.

Како што неофицијално се дознава, мајката и синот се од подрачјето на Рашка.

Сударот се случил кога на магистралниот пат Рашка – Краљево се судрија автомобил и теретно возило. Сеуште не се познати деталите за сударот, а сообраќајот во тој дел од патот бил во прекин.

 

 

 

12.02.2017 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега