Се сруши плафон во детска соба: "Ги видов нозете на детето како висат од креветот"

Мајка од Србија преживеа невиден шок откако и се сруши плафонот од станот и тоа во собата каде спиело нејзиното мало бебенце.

Србија и регионот се шокирани од приказната на Маша Жариќ, мајката која претрпе хорор, кога плафонот од нејзиниот стан се срушил од чиста мира, а за трагедијата да е поголема, тоа се случило во собата на нејзиното дете.

Таа отрчала во собата кога ја слушнала големата галама. 

- Видов рушевини и ја видов колевката. Не знаев дали детето ми е живо. Ги виов само нозете кои висеа од креветот. Беше тишина. Делови беа во креветот, но за среќа детето ми е неповредено, вели растревожената мајка.

Таа се јавила во фирмата која ја градела зградата, а тие и одговориле само со И? 

Таа не спие откако се случила несреќата бидејќи заедно со децата многу се плаши.

 
 
02.02.2017 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега