Ана си ја отвори душата: Го чекав бебето 10 години а тие ми го украдоа на улица

Пред неколку денови во Обреновац во Србија се случи хорор кога мигранти се обидоа да и украдат дете на една мајка и тоа среде улица. 

Ана Блажиќ за српскиот Курир си ја отвори душата и раскажа низ каков пекол поминала. Двајца мигранти од Авганистан и Пакистан се обиделе да и го земат бебето од количка. 

- Десет години чекав бебе, го добив со вештачко оплодување и да ми се случи ова...ми пријдоа двајца мажи и сакаа да ми го земат бебето од количка. Се борев со нив, вели мајката.

Таа во вторникот во 19 часот и 30 минути додека шетала со внуците од братот, била нападната кога еден насилник од зад грб ја турнал на земја, а друг почнал да ја турка количката со бебето. Мајката собрала сила дошла до количката и почнала да ја влече со сета сила.

- Се се случи за миг, но ми изгледаше како вечност бидејќи имав три мали деца со мене, вели Ана.

Насилниците потоа побегнале.

 
 
02.02.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега