Ја заклал сопругата и нејзината мајка па си го пресекол вратот

Со нож ја заклал својата сопруга, ја бодел бабата а потоа си го пресекол вратот. Крвава трагедија во вторникот ги вознемири граѓаните на хрватскиот главен град Загреб.
Според информациите, 75 годишниот Божо А. Доцна попладнето во алкохолизирана состојба во семејна расправија со нож ја прободел својата жена неколку пати во телото. Во домот била и нејзината мајка која исто така добила убод во пределот на ногата.
Кога пристигнала полицијата, Божо се затворил во една од собите и со нож си го пресекол вратот.
Неговата сопруга починала во болница, додека нејзината мајка завршила со полесни повреди.
Иако си го пресекол вратот,  75 годишниот маж не успеал да се самоубие. Лекарите му го спасиле животот. Локалната полиција најавува кривична пријава за убиство.

 
 
02.02.2017 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега