ФОТО: На новиот плоштад Скендербег ќе никне фонтана како водна завеса

Градежните работи за реализација на втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“ се пролонгираа и новите најави од Општина Чаир се дека треба да завршат до мај годинава.

Изместувањето на роковите било причина да се потпише нов анекс-договор, кој, како што тврдат надлежните, нема дополнителни финансиски оптоварувања. Целокупната финансиска конструкција за комплетниот изглед на плоштадот беше предвидено дека ќе изнесува 10 милиони евра.

 

Првата фаза од плоштадот се реализираше во делот над угостителските објекти на влезот од Чаршијата, а по завршувањето на втората и премостувањето на булеварот, освен поврзување на Чаир со Центар ќе се добијат и нови приближно 8.000 квадрати плоштадска површина. Градежните зафати на плоштадот ги изведува „Бауер БГ“. Основниот проект го изработи скопското друштво за градежништво „Урбан стил инженеринг“.

skender 2

Надлежните имаат неколку оправдувања зошто втората фаза не финишираше до Нова година, а едно од нив се временските услови. Штом ќе заврши втората фаза, ќе започне изградбата на подземниот паркинг со јавно-приватно партнерство. Од Чаир информираат дека за подземното паркирање веќе е изработена и физибилити-студијата, на која е потпишана фирмата „Таргет-комуникации“.

 
 
31.01.2017 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега