СИТЕЛ: ЈСП бара од патниците да не ја фрлаат ‘‘Скопска‘‘ (ВИДЕО)

Најдоцна до март со телефони од двата мобилни оператори ќе може да се плаќа во градските автобуси. Се поедноставува и процедурата за плаќање преку телефон. Тоа ќе биде едноставно преку бирање на бројот 185. Од ЈСП уште еднаш апелираат да не се фрлаат неперсонализираните картички туку да се надолнуваат.  Картичките со цена од 150 денари според одлуката на Советот на град Скопје се продаваат со две гратис возења.

Картички има во продажната мрежа на ЈСП, и овластените дистрибутери како и во градските автобуси.  Мал проблем се појавил на почетокот на месецот заради големата побарувачка.

Ќе бидат отворнеи уште триесетина нови продажни места за надолполнување на картичките, а ЈСП работи и на системот кој ќе овозможи надолнување по електорнски пат, од дома.  

 

 
 
27.01.2017 - 19:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега