Голем хаос предизвика студеното време

Поради појавата на мраз по течението на реката Дунав во Бугарија, бугарските власти препорачаа ограничување на речниот сообраќај, јави БТА.

Според податоците на Оперативниот центар, на некои места долж течението на Дунав во Бугарија замрзната се и до 50 проценти од површината на реката.

Обласниот управител на градот Русе, Стефко Бурџиев изјави дека ова претставува сериозно количество на мраз, поради што им препора на пловните објекти по Дунав да прекинат со сообраќајот.

Директорот на бугарската Поморска управа, Иван Жежов соопшти дека состојбата е критична долж целиот тек на Дунав, а не само во Бугарија, посочувајќи дека во некои делови во Романија површината на реката е целосно замрзната.  

Според податоците на Управата во последниве 117 години, колку што се вршат вакви следења, Дунав во Бугарија замрзнал 28 пати, а тоа последен пат се случило во 2014 година.

Поради големиот студ и големите количества снег запрен е сообраќајот на повеќе локални патни правци во Бугарија, пред се во реоните на Силистра, Разград, Добрич и Шумен.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на неколку планински превои, а на делови од автопатот „Тракија“, кој ја поврзаува Софија со Бургас, преку Пловдив, брзината на движење е ограничена на 80 километри на час.

Во Бугарија утрово се измерени температури од минус 21 до минус пет степени Целзиусови. 

 
 
09.01.2017 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега