Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје


Вчера во 10.20 часот во Полициската станица Чаир, В.К.(41) од Скопје пријавил дека на ул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Два часа подоцна во Полициската станица Карпош, К.М.(29) од Скопје пријавила дека во кругот на касарна Илинден во Скопје била касната од куче скитник.

Додека пак во 12.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Д.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Николај Островски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

15.05.2024 - 13:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега