Директорот на полицијата објави кој е убиецот на Јелена Марјановиќ и кога ќе биде уапсен

Изјава на директорот на полицијата ја подгреа приказната за апсење. Пејачката Јелена Марјановиќ е убиена на почеток на април оваа година, а уште нема информации за убиството и за тоа кој го сторил тоа дело.

Меѓутоа, гостувајќи на Телевизија Пинк, директорот на полицијата Владимир Ребиќ истакна дека тој знае кој е убиецот, но дека полицијата бара дополнителни детали.

 - Лично мислам дека знам кој ја убил, но да почекаме да собереме уште докази, рече директорот на полицијата.

По неговата изјава криминолозите истакнале дека Јелена Марјановиќ ја убил некој близок, и дека апсењето се очекува по прославите од новогодишните празници.

 

 

 

 
 
28.12.2016 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега