Раните сеуште крварат: Сопругата на покојниот Бата ги спакува куферите

Сопругата на покојниот великан Велимир Бата Живоиновиќ ги спакува куферите и ја напушти Србија. 

Таа отишла кај својата ќерка Јелена во Куба, дознава српскиот портал Курир. Јулијана Лула Живоиновиќ сеуште не може да се помири со смртта на својот сопруг и љубов, па одлучила депресијата и тагата да ги намали така што за празниците ќе биде со ќерката. Сепак, нејзиното патување во Куба нема да биде кратко, таа таму планира да остане до пролет.

На сопругата на Бата ова ќе и биде прв Божиќ без него, па затоа раните сеуште крварат.

За потсетување, легендарниот актер почина во болница во мај годинава по долга и тешка болест.

 

 
 
28.12.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега