МАЈКА МОНСТРУМ: Се породила и го фрлила бебето во река - таткото шокиран

Милан В. Сопругот на жена од Зворник која е осомничена за чедоморство, изјави за новинарите  дека детето е мртво родено, т.е. дека поради состојбата во која се наоѓала неговата сопруга и фактот дека два пати ги губеле децата, бебето го однела и го фрлила во Дрина.

Очекувавме детето да се роди во март, но поради настанатите болки сопругата отишла на доктор околу 00:30 часот. Се вратила цела крвава и кажала дека и пукнала цистата, не зборувајќи ништо за породувањето, рече Милан на новинарите од Зворник.

Тој додаде дека за се дознал дури утредента во полиција, тврдејќи дека сопругата не смеела да му каже бидејќи не знаела како ќе реагира.

Потсетувајќи дека првото бебе им умрело во 2004 година која сопругата во седмиот месец, по што е погребано, Милан рекол дека сопругата не можела да ја поднесе таа ситуација и да помине повторно низ истата и да гледа како повторно погреба свое бебе.

Истакнувајќи дека во меѓувреме добиле ќерка и син, Милан рекол дека 4тата бременост прерано е прекината.

Според неговите зборови, секогаш биле заедно, а сопругата со децата секогаш се однесувала мајчински.

Телото на бебето по дојава на рибари е излечено од Дрина.

Потпаролот од Центарот за јавна безбедност Милан Бобар рекол дека во договор со надлежен обвинител, мајката С.В. е осомничена за чедоморство, по сослушување ќе биде пуштена дома, но дека се работи за кривично дело.

Обдукцијата на телото на бебето, кое мајката по породувањето го фрлила во Дрина, треба да покаже дал детето е родено живо или мртво.

 

 

 
 
27.12.2016 - 20:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега