Се реконструираат патиштата во Гевгелија - инвестиција вредна 108, 5 милиони денари

Општина Гевгелија во годината што истекува за изградба и реконструкција на улици потрошила 108,5 милиони денари. Подобрувањето на патната инфратруктура, според општината ќе биде меѓу приоритетите  и во наредната 2017 година.

Изградени се 3.898 метри нови улици и реконструирани 8.318 метри квадратни улична површина со обновување на асфалтот. Покрај ова биле бетонирани околу 4.000 метри квадратни помали улици и тротоари, а со павер елементи биле уредени тротоари, патеки и улични краци на површина од околу 9.000 метри квадратни, соопшти денеска општинската служба за информирање.

- За изградба на нови улици и реконструкцијата на одделни сообраќајници во градот и населените места, од општинската каса во 2016 година беа издвоени 108,5 милиони денари, се вели во соопштението на општина Гевгелија во кое посебно се истакнуваат изградбата на примарната и секундарната сообраќајна мрежа за мултинаменскиот комплекс „Милци“ лоциран покрај автопатната делница кај граничниот премин „Богородица“.

Од општината меѓу реализираните проекти, се издвојува и довршувањето на патот Негорци-Серменин од кој беа изградени уште два километра.

 
 
23.12.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега